Сертифицирани: ISO 9001 · 14001 · 45001 · 17024
Проекти

Здравствени установи

Чистење и одржување на хигиена во болници и клиники — од универзитетските болници во Патра и Александруполи до ПЗУ „Жан Митрев“ и јавни здравствени установи во Македонија.

Болнички протоколи за хигиенаПерсонал сертифициран по ISO 17024
Здравствени установи

Здравствените установи се највисоката школа на професионалното чистење — тука хигиената не е естетика, туку услов за безбедност на пациентите. Искуството на Ланд Сервис со болнички објекти започнува уште од 1995 година на територијата на Р. Грција, каде основачот ја гради практиката врз најстрогите протоколи за санитарна хигиена и дезинфекција. Меѓу грчките здравствени установи во кои сме работеле се Универзитетската општа болница Патра „Панагија и Воитија“ во Рио, Универзитетската општа болница Александруполи, 424 Општа воена болница во Солун и општите болници во Јаница, Едеса и Катерини.

Во Македонија тоа искуство го пренесуваме преку долгорочни соработки со здравствени установи, меѓу кои ПЗУ „Жан Митрев“ и ЈЗУ „Панче Караѓозов“ — Штип, како и со Фондот за здравствено осигурување. Работиме со валидирани средства за чистење и дезинфекција и со персонал обучен за работа во средини со зголемен ризик.

Подигнете го стандардот на вашите објекти

Побарајте понуда — ќе подготвиме решение прилагодено на вашите потреби, со јасни SLA и KPI индикатори.

Побарајте понуда