20 години Ланд Сервис во Македонија
Од 2006 година до денес — две децении раст, од професионално чистење до целосно управување со објекти.
Во 2026 година Ланд Сервис одбележува 20 години работа во Македонија. Основана во 2006 година од г. Нектариос Николаидис, компанијата го пренесе искуството градено уште од 1995 година во Р. Грција — вклучувајќи го и опслужувањето на комплексот Porto Carras за време на Европскиот самит во 2003 година.
Денес Ланд Сервис е групација со преку 350 професионалци, долгорочни договори со институции, банки, здравствени установи и трговски центри, и јасна насока на развој: од професионално чистење, преку управување со објекти со SLA и KPI мониторинг, до енергетска ефикасност и ESG услуги.
Подигнете го стандардот на вашите објекти
Побарајте понуда — ќе подготвиме решение прилагодено на вашите потреби, со јасни SLA и KPI индикатори.