ЛАНД - СЕРВИС ДООЕЛ е основана 2006 година од Г-дин Нектариос Николаидис. Основна дејност е давање на услуги од областа на чистење, одржување на хигиена и дезинфекција.
Историјата на бизнисот со основна услужна дејност од областа на хигиената, основачот, г-дин Нектариос Николаидис ја пишува од 1995 година, првенствено започнувајки да работи на територија на Р. Грција. По долгогодишно успешно работење и искуство, потврдено низ многубројните сертификати, признанија и пофалници,мегу кои и сертификат ISO/ IEK 17024 (лидер во профисионалното чистење), опслужување на многубројни комплексни објекти, како што е комплексот Porto Carras – Халкидики за време на Европскиот Самит 2003 (којшто ангажман резултира со писмо за препорака) и други, Ланд - Сервис прераснува во интернационална компанија и отпочнува со работа на територија на Р. Бугарија и Р. Македонија.
Историјата на Ланд - Сервис со седиште во Скопје започнува да се испишува во 2006 година,година во која основачот на ДООЕЛ Ланд - Сервис Г-дин Нектариос Николаидис создава семејство во Р. Македонија и носи одлука да живее и работи на нејзина територија, соогледувајки ја поволната бизнис клима и зголемените потреби на пазарот во оваа дејност, со цел пренесување на долгогодишното искуство, зголемување на квалитетот на услугите и внесување на новитети во работата.
Од основањето во 2006 година па се до денес, ДООЕЛ Ланд - Сервис бележи бројни успешни соработки и подем во работата.Индикација за квалитетот на услугите што ги нуди е континуираното зголемување на обемот на работа како и одржувањето на долгорочни договори со клиентите - корисници на услугите, кои во најголем дел се обновуваат откако ке се сретнеме со голем успех и ефективност како одговор на очекувањата и барањата.